Читањето станува забава за учениците од ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани. Тие се многу среќни што оваа година за прв пат станаа членови на проектот „Читатели 2015“ (Читалића 2015). Учениците со голем интерес ги следеа активностите и уживаа во изработката на нивните ДНЕВНИЦИ. Наставниците и учениците со радост и задоволство ветуваат дека ваквите активности ќе бидат дел од училишна практика и во наредните години, со една единствена цел – сите заедно да им помогнеме на учениците да читаат редовно и со тоа да го зачуваме мајчиниот јазик.
„Навиката за читање е вистинска радост којашто трае дури
и тогаш кога сите останати задоволства исчезнале“
(Антони Тролоп)